www.mkpredavatel.com

Go down

Како би сте го оцениле сајтот на МКПредавател

1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
 
 
Види ги резултатите

www.mkpredavatel.com

Пишување by Dingo+ on Пон Јан 07, 2013 2:35 am


Во светот постојат илјадници интернет страници на кои можете да си гледате голем број на телевизиски канали. Со овие интернет страници, локалните и регионални телевизии повеќе немаат граници. Слободно преку интернет протоколи (стримови) нив можете да ги следите многу повеќе од тоа што порано можеше. Повеќе нема ограничување само во еден град или еден регион, сега може да се гледаат во целиот свет и во било кое време.
НО, најчесто тие интернет страници се наплатуваат. Па затоа се решив да понудам нешто многу подобро, БЕСПЛАТНИ ТВ канали, за сите возрасти и групи, односно и јас да си отворам свој сајт: МКПредавател .
Пред неколку години (поточно пред 2) ми дојде на идеја да направам и јас свој сајт за гледање online телевизија на компјутер преку интернет. На мојот сајт ( МКПредавател), Вие имате можност да следите над 150 домашни и странски ТВ канали, и тоа: голем број македонски национални, регионални и локални телевизии, најексклузивни канали од Балканот, како што се: HRT1, Slo1, РТС Sat, b92, Pink, Prva и некои други. Тука се и т.н. европски канали: Sat1, Pro7, Kabel1, France 2, Rai 1 и други.
Од документарни, ги нудиме: National Geographic channel, Nat Geo WILD, Discovery channel, Discovery Science, Discovery World, Investigation Discovery, TLC, Animal Planеt, Da Vinci learning, но тука се и ексклузивните: Discovery Home& Health, Discovery turbo и History channel.
Освен горенаведените канали, тука се и каналите за деца. Понудата е најбогата до сега, со телевизиите: Disney, Disney xD, Disney Junior, Nick, Nick Jr., Cartoon Network, Boomerang, Duck TV, Kids Co, но и со ексклузивните Discovery Kids, Canal Panda и Panda Biggs.
Тука се и каналите кои се посветени за сериите и филмовите: AXN заедно со ексклузивните AXN Black и AXN White, Foxlife, FOX Crime, FOX Movies, FOX, SyFy (попознат и како Sci-Fi), TV1000, MGM и Universal channel. Но за забавата да биде целосна, тука се најбараните и најекслузивни филмски канали: HBO, HBO HD, HBO2, HBO Plus, HBO Family, HBO Signature, HBO Comedy, Cinemax и Maxprime.
Исто така, јас (преку МКПредавател) се погрижив и за спортските канали, како што се: Sky Sports 1, Sky Sports 2, Sky Sports 3, Sky Sports 4 кои се најгледани спортски канали во Велика Британија. Тука се и ESPN, Sport Klub и Sport Klub+. Сите овие спортски канали ги нудат натпреварите од англиската Премиер лига и шпанската Примера лига. Но во овој пакет влегуваат и Eurosport, Eurosport 2, Sky Poket, The poker channel и Motors TV.
Од забавно-колажните тука се: E! Entertainment, Zone Reality, Zone Romantica, Fashion TV, како и ексклузивните 24Kitchen и Ginx TV. Во забава спаѓа и музика, па затоа нудам и музички канали, и тоа: Vh1, Vh1 Classic, MTV, MTV Dance, MTV Hits, MTV Rocks, Mezzo, германската VIVA и некои други.
Важен дел според мене се и инфомативните канали, односно каналите за вести, па затоа гледајте ги: BBC World News, CNN, bloomber, Sky News, France 24 и балканскиот информатор Al Jazeera Balkans.
Задоволствата да бидат комплетни, тука се и 5те канали за возрасни.
За нешто во што сме лидери, е тоа што нудиме до 12 HD канали, канали во висока резолуција, со кристално јасна слика и звук. Некои од нив се: NasaHD, MGM HD, Max HD, Nick HD. Покрај овие, имаме уште осум канали.
Покрај нудењето гледање бесплатно телевизија, обезбедивме и EPG за најголемиот број на канали. EPG всушност е електронски програмски водич, кој Ве носи до сајтот на каналот, за да видите што тој моментално нуди или ќе нуди, и некои информации за понудата.
Како новина е и опцијата ТВ Потсетник, со која можеме да Ве потсетиме одреден период порано дека сакате нешто да погледнете на некој канал.
Покрај телевизиските работи, нудиме и бесплатни македонски радија, кои исто така можете да ги слушате бесплатно.
Тука е и ДигиТека-та. Тоа е видеотека со видеа кои можат да се прилагодуваат, па така тие можат да имаат превод и на македонски и во HD резолуција.
Покрај сите горенаведените опции и понуди, тука е и @-Магазин. Преку (бесплатна) регистрација, Вие добивате редовно нови флаери во кои ги има сите новости за МКПредавател. Со тоа Вие се вклучувате во еко-акцијата, со што се заштедува на хартија. Само за потсетувате, за да се произведе еден лист хартија потребно е да се исечат десетици дрвја.
Ги очекувам Вашите забелешки, критики, пофалби и/или сугестии околу мојата замисла за мојот сајт (МКПредавател).

Dingo+
Почетник
Почетник

Број на мислења : 1
Поени :
0 / 1000 / 100

Registration date : 2013-01-07

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот